Изминатава недела санкционирани 278 непрописни паркирани возила во Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
120040587_370230153989718_4607253638571129723_n

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 278 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

— реклама —

Во периодот од 14.09. до 20.09.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 112 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 166 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

— реклама —

 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања