Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Изминатиот месец во Тетово санкционирани повеќе од 2000 возачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

На 05.12.2018 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово констатирани се над 60 сообраќајни прекршоци (Тетово -30 и Гостивар — 31). 19 прекршоци се однесуваат на непрописно паркирање, 12 се пречекорувања на максимално дозволената брзина, пет возачи почетници не се придржувале на законските ограничувања, двајца управувале без возачка дозвола и тн. Откриените сообраќајни прекршоци санкционирани се со 16 прекршочни  и 45 мандатни платни налози.

— реклама —

На поширокото тетовско подрачје, во текот на ноември годинава контролирани биле 5.384 возила. Во спроведените контроли од полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово  санкционирани се 2.201 сообраќајни прекршоци. Поради констатирани прекршоци во овој период од сообраќај се исклучени 135 возила (21 технички неисправни, 110 со истечена регистрација, а преостанатите поради различни видови други недостатоци).

— реклама —

Исклучени, исто така, се и 240 возачи (130 без положен возачки испит, 78 почетници, 28 кои управувале под дејство на алкохол и тн). Откриените прекршоци заокружени се со 581 прекршочен и 1.178 мандатни платни налози, со 87 времено одземени возачки и 52 сообраќајни дозволи, додека 418 возачи впишале негативни бодови.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања