Промени тема
Контакт

Изминатите три години се зголемија капацитетите на МВР за следење на легалното и нелегалното оружје во државата, вели Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0017

Преку креирање нов Полициски информациски систем, надградба на Електронскиот регистар за оружје и специјализирани обуки на полициските службеници, во изминатите три години се зголемија капацитетите на Министерството за внатрешни работи за полесно следење на легалното и нелегално поседуваното оружје во државата. Овие активности се спроведоа како дел од проектот „Подобрување на националните пракси за контрола на мало и лесно оружје и градење на отпорни заедници“, кој го имплементира УНДП со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Надградбата на регистарот за оружје овозможува следење на оружјето од влегувањето во државата на граничните премини, па сè до крајниот купувач. Од друга страна, новиот Полициски информациски систем претставува модерна алатка за електронско евидентирање, следење и анализи на инцидентите поврзани со оружје.

— реклама —

„Конторолата врз оружјето е силен предуслов за градење безбедни заедници и очекувањата се дека двата системи ќе помогнат да се превенираат и значително да се намалат понудата, побарувачката и злоупотребата на огненото оружје. Како резултат на посветеното работење на тимовите на МВР и на УНДП, денеска можеме да зборуваме за два информациски системи кои се пуштени во продукција и етапно се спроведува процес на обука на работните места за полицискиот информациски систем и внесот на податоците во системот за регистрација на оружјето“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

— реклама —

Со цел поефикасно користење на новите дигитални алатки, во рамки на проектот беше надградена техничката опрема во МВР. При тоа се обезбедија 127 компјутери, 68 печатачи, 60 скенери и 25 специјални печатачи за дозволи за оружје. Дополнително, над 350 полициски службеници минаа низ процес на обуки за користење на двата система.

„Постоењето брзи и структурирани информации за оружјето е од клучно значење. Активностите во рамки на проектот ги подобрија капацитетите и ефикасноста за борба против криминалот што директно придонесува за зголемена безбедност на граѓаните. Во поширок контекст, особено сум горд што преку оваа регионална и национална иницијатива ќе придонесеме за унапредување на владеењето на правото, почитување на човековите права и зголемено учество на земјите во развој во системите на глобалното владеење. Токму овие принципи се во суштината на Целите за одржлив развој на Обединетите нации“, рече Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП.

— реклама —

Проектот за зајакнување на институционалните капацитети за борба против нелегалната трговија со оружје во исто време се спроведува во целиот регион како дел од Патоказот за контрола на мало и лесно оружје, чија основна цел е да се воспостави систем на контрола на малото и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, согласно европските и меѓународните стандарди.

— реклама —

„Малото и лесно оружје претставува сериозна опасност за безбедноста во регионот. Северна Македонија соодветно и со голем успех е посветена на постојано подобрување на практиките поврзани со малото и лесно оружје. Германија во голема мера ги цени овие напори и останува посветена да придонесе во процесот“, изјави Ото Граф, Заменик Амабасадор на Сојузна Република Германија.

Резултатите од проектот беа нотирани и во Извештајот на Европската Унија за напредокот на земјата во 2021 година, каде е посочено дека софтверот за регистрација на оружје придонесува за полесна идентификација и следење на огненото оружје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања