Изнел две вреќи марихуана од фабрика за одгледување канабис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
kanabis

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца македонски и еден албански државјанин осомничени за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

— реклама —

Албанскиот државјанин, основач на правно лице – фабрика за одгледување медицински канабис во битолското село Кравари, неовластено организирал и заради продажба од просториите на фабриката изнел две вреќи со наркотична дрога марихуана. Вреќите ги оставил пред влезот во фабриката, од каде што ги подигнале другите двајца осомничени со автомобил. Кога биле забележани од полициски службеници, тие се обиделе дрогата да ја исфрлат од возилото.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените, од кои еден е лишен од слобода, а двајца се во бегство. На тројцата, како што соопштија надлежните, им е определен притвор во траење од 30 дена, при што за двете лица, кои се во бегство, притворот ќе почне да се смета од нивното пронаоѓање и лишување од слобода.​​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања