Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Изработена мапа за заболени од КОВИД-19 во земјава, еве како е по градови и општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IJV-MAPA

Како што најави министерот за здравство венко Филипче, Институтот за јавно здравје изработи мапа со детален приказ на општините во Скопје од каде што се лицата кај кои е дијагностициран коронавирусот.

Според оваа мапа, најмногу заболени лица има во општина Карпош - 27 лица, од Гази Баба 20, потоа следуваат Кисела Вода 20, од Центар 20. Има 11 лица кои се од друг град но живеат во Скопје, 11 се од Ѓорче Петров, 8 од Аеродром, 7 од Сопиште, 4 од Бутел, 3 од Чаир, двајца од Илинден и еден странец.

— реклама —

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 109 машки и 110 женски лица.

— реклама —

Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување.

Кај пет лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

— реклама —

Вкупно 11 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

— реклама —

Тестирани се вкупно 369 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и во приватните лаборатории. Позитивни се 18 или 4,9% од тестираните.

Сите податоци за заболени од КОВИД -19 може да ги погленете на ИНСТИТУТОТ за ЈАВНО ЗДРАВЈЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања