Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Израел и Хамас постигнаа договор: Итни испораки за заложниците и палестинските цивили во Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Катар и Франција постигнаа договор со Израел и палестинската исламистичка група Хамас за итна испорака на лекови на околу 45 израелски заложници кои ги држеше Хамас во Газа во замена за испорака на хуманитарна и медицинска помош за најранливите палестински цивили.

— реклама —

Како што јави Ројтерс, денеска помошта од Катар ќе биде пренесена во Египет, од каде преку граничниот премин Рафах ќе биде доставена во Газа.

— реклама —

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед Ал Ансари, рече дека договорот значи дека лековите, заедно со друга хуманитарна помош, ќе бидат доставени до цивилите во Појасот Газа, во најранливите области, во замена за испораката на лекови потребни за Израелците заробени во Газа, но не беше наведено колкава и каква конкретна помош ќе биде доставена до цивилите.

— реклама —

Претходно шефот на кризниот центар на француското Министерство за надворешни работи Филип Лалио изјави дека овие преговори траат со недели и дека првичната идеја потекнува од семејствата на некои од израелските заложници.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст ќе ја координира испораката на терен. Меѓу заложниците во Газа има и двајца француски државјани, но ниту еден од нив нема итна потреба од лекови, јавува Ројтерс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања