Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Израел на детската клиника донираше апарати за критични новороденчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Министерството за здравство ве информира дека денеска на Kлиниката за детски болeсти беше предадена донација од страна на амбасадата на Израел на иницијатива на амбасадорот Ден Ориан.

Донацијата се состои од перфузори (инфузиони пумпи) за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња. Со венвјуер апаратите за првпат ќе се врши одредување на пнеумоторакс односно зголемен воздушен притисок во бели дробови кај бебиња.

— реклама —

Овие апарти ќе се монтираат во амбуланти возила за транспорт на критично болни деца, кои во државата треба да стигнат до крајот на 2021 година.

— реклама —

Денешната донација е дел од Перимак проектот на Проџект Хоуп во РСМ кој има за цел да го организира неонаталниот транспорт во државата и да ја редуцира перинаталната смртност. Овој проект е имплементиран со поддршка на МЗ и започна во 2017 година.

— реклама —

На предавањето на донацијата присуствуваа министерот за здравство д-р Венко Филипче, директорката на Клиниката д-р Аспазија Софијанова, регионалниот дирекотр на ХОУП Влатко Ужевски и проект менаџерот Емилија Дуковска.

Перимак проектот е имплементиран со поддршка на МЗ и започна во 2017 година и треба да заврши во декември 2022 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања