Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе отпатува во Вашингтон за да се обиде да влијае врз текот на преговорите со Иран, во момент кога Техеран сигнализира подготвеност за ограничени отстапки, но го одбива разговорот за ракетната програма.
Нетанјаху, како што јавува „Тајмс оф Израел“, ќе се сретне со американски официјални лица и им изјавил дека неговата цел е да „врши влијание врз преговорите со Иран“.
Според израелскиот функционер, премиерот смета дека секој договор не само што треба да го спречи Иран да се обиде да се вооружи со нуклеарно оружје и да ги елиминира можностите за збогатување ураниум, туку и да го ограничи развојот на балистички ракети и да обезбеди престанок на поддршката и финансирањето на терористички групи.
Високите ирански и американски официјални лица минатата недела одржаа разговори во Оман, кои двете страни ги оцениле како позитивни.
Техеран вчера соопшти дека е подготвен за можни отстапки во врска со залихите на збогатен ураниум, но го одбива разговорот за својата ракетна програма или поддршката на вооружени групи ширум Блискиот Исток.