Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Изведба на комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 3 април во Националната опера и балет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Магазин
media-library54c1rti7n0ijcALBxk5

На 3 април 2026 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – едно од најпознатите и најомилените дела од оперскиот репертоар, кое со својата духовитост, динамика и препознатливи музички моменти со децении ја воодушевува публиката.

— реклама —

Изведбата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценографијата на Марија Ветероска, а костимографијата на Марија Пупучевска.

— реклама —

Концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Во солистичката екипа настапуваат: Марјан Јованоски, Биљана Јосифов, Благој Нацоски, Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Никола Чедомировски, Филип Мирчевски, чембало: Елена Сиљаноска, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

— реклама —

„Севилскиот бербер“ е ремек-дело на Росини, композитор познат по својата музичка виртуозност, брзите ритмички фрази и живата сценска енергија. Операта изобилува со духовити ситуации, брзи дијалози и незаборавни музички моменти, меѓу кои се издвојува славната арија „Largo al factotum“, со која ликот на Фигаро повеќе од два века го освојува светот. Делото ја следи љубовната приказна исполнета со пресврти, тајни планови и комични недоразбирања, раскажана во препознатливиот, жив и раскошен стил на Росини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8l1qb37cdhpn7al2SM5

Љубов, надеж и трагедија: „Мадам Батерфлај“ на сцената на Националната опера и балет на 13 март

Магазин | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања