Владата да најде средства и да се договориме во однос на побарувањата на СОНК, се во интерес на учениците, родителите и наставници, вели претседателот на сонк, Јаким Неделков. Тој рече дека „има сигнали“ за продолжување на преговорите. На прес-конференцијата поддршка на СОНК му изрази Сусан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикатите за образование - ETUCE. Денеска очекува нова средба со преставници на владата.
„Можам да изразам само надеж дека до вечер ќе имаме добри резултати, доколку членството позитивно“, рече Неделков и порача дека е мошне извесно дека штрајкот ќе продолжи и утре.
На прес-конференцијата на СОНК учество имаше Сусан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикатите за образование - ETUCE, која изрази поддршка на СОНК и најави придружување на лидерот на СОНК во преговорите со министерот за образование.
Флокен изрази солидарност со синдикалните барања, рече дека јасно ја изразува поддршката и нагласи дека се потребни поголеми вложувања во образованието во Македонија, како и во наставниот кадар.