Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Извештајот на ЕК нотира дека владата не спроведува доволно реформи, нема отчетност и вистински решенија, СДС потфрла, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20072022_VRSM_sednicaVlada-1

Извештајот на ЕК нотира дека владата не спроведува доволно реформи, нема отчетност и вистински решенија, СДС потфрла, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Според најновиот Извештај на ЕК, во Македонија нема сериозна посветеност на реформи.

— реклама —

Се нотираат ад хок решенија наместо системски реформи на законодавството. Имено ова може да се забележи дозволувањето на нео-фашистички центри во сите градови од Македонија и историски ревизионизам.

ЕК јасно нотира дека се потребни решителни напори за да се изгради динамика за реформи и придвижување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е особен фокус за да се обезбеди ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи.

— реклама —

Извештајот го нотира и самоволието на Џафери, и неодговорноста во Собранието. Имено ЕК нотира отсуството на отчетност, што јасно се гледа низ повеќемесечно незакажување на седници за пратенички прашања во Собранието. Криење од опозицијата и граѓаните.

— реклама —

Извештајот покажува дека власта наместо да работи и да се посвети на реформи, се насочува кон стратешки погрешни цели. И наместо владеење на правото, имаме владеење на самоволието“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања