Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Извештајот на EK покажува дека владата не е фокусирана на реформи, туку на криминал и корупција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Извештајот на Европската Комисија покажува дека владата не е фокусирана на реформи, туку е фокусирана на криминал и корупција. Впрочем Извештајот покажува дека во 35 поглавја не само што нема напредок, туку нотирано е назадување,вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Европската Комисија забележува за нејасни економски мерки и потези, суштински реформи во администрацијата, потреба од зајакнување на капацитетот за парламентарен надзор над разузнавачките служби, злоупотребата на европскотто знаменце и ограничувањето на институтот пратенички прашања во Собранието, истите препораки за борба против корупција

— реклама —
— реклама —

Владата дури не ги зела предвид ниту нотираните забелешки од извештаите од 2020 и 2021 година. Тоа ја покажува целата непосветеност и неодговорност на власта на Ковачевски.

— реклама —

Во 6-те клучни кластери, Македонија нема подобра оценка од претходните години во НИТУ ЕДЕН од нив. Ова покажува дека оваа власт предовдена од дезертерот Ковачевски единствено е ангажирана во креирање на картели, местење на тендери и делење на државни бизниси на свои блиски фирми. На тој начин тие лично се богатат а перспективата на граѓаните ја уништуваат. За доброто на Македонија и на народот е оваа власт поскоро да замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања