Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Извршен е увид на железничкиот премин каде воз удри во автомобил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
voz

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи утринава изврши увид на местото каде се случи железничка несреќа во која се повредени четири лица.

Утринава во 5.20 часот, на железнички премин во Прилеп, во близина на меѓуградската автобуска станица, воз удри во патничко моторно возило Ауди во кое се превезувале пет лица. Патниците од автомобилот биле колеги кои утрината заедно патувале до своите работни места. При обид да ја преминат пругата, во нив удрил возот, при што две лица се телесно повредени, а две се здобиле со тешки телесни повреди.

— реклама —

Надлежен јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање на местото на настанот  и за вршење на вонреден технички преглед на локомотивата од страна на машински инженер. Ќе се вештачи и рампата од железничкиот премин, во насока на утврдување на исправноста на нејзиното функционирање. По извршено тестирање, не е утврдено присуство на алкохол кај возачите на локомотивата и возилото. Дејствијата на јавното обвинителство ќе продолжат со цел да се расчисти причината која довела до железничката несреќа.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања