Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Извршен увид на местото каде во сообраќајна несреќа животот го загубија две лица од Охрид​

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
soobrakajka1-1

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола заедно со увидна екипа од СВР Битола и ОВР Ресен и со вештак од областа на сообраќајот изврши увид на самото место каде вчера околу 13:40 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.

— реклама —

На магистралниот пат А-3 Битола Ресен поточно на м.в. Долна крстосница Макази се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило Мерцедес, управувано од 36-годишен жител од Охрид, во кој како сопатник се превезувал уште еден 34-годишен жител од Охрид и товарно возило Волво управувано од 33-годишен жител на с.Ваташа, Кавадарци. Според првичните сознанија, до незгодата дошло кога патничкото возило од засега непознати причини преминало на спротивната сообраќајна лента, по која се движело товарното возило при што дошло до директен судар.

— реклама —

На местото на незгодата од тешките повреди починале двете лица од Охрид кои се превезувале во патничкото возило Мерцедес.

— реклама —

Во насока на расчистување на причините за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од самото место, наредба за обдукција врз телата на починатите како и за сообраќајно – техничко вештачење.​

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања