„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Извршен увид на местото на сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес-Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
policija-2

— реклама —
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес синоќа изврши увид на регионалниот пат Велес-Штип, кај Ново Село, на местото каде се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а 14 беа повредени.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога комбе управувано од 30-годишно лице од Скопје, со кое се превезувале материјали за градежништво, движејќи се во правец од Штип кон Велес, од засега непознати причини преминало на спротивната коловозна лента. Во тој момент, во спротивната насока се движел автобус на туристичка агенција кој превезувал патници за Сончев Брег, Бугарија.

Автобусот се обидел да избегне директен судар, движејќи се кон крајот на коловозната лента. Сепак комбето удрило во предниот дел од автобусот и се извртело целосно на спротивната коловозна лента и во спротивна насока од првобитното движење.

— реклама —

Од незгодата на самото место починал возачот на комбето, додека 14 патници од автобусот се здобиле со повреди, вклучувајќи го и возачот на автобусот.

По насоки на јавниот обвинител, подигнати се траги од местото на несреќата и издадена е наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот. Истовремено, издадена е наредба да се изврши анализа за присуство на алкохол во крв и урина кај повредениот возач на автобусот. По наредба на јавниот обвинител ќе се изврши сообраќајно вештачење, како и машинско вештачење на исправноста на возилата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања