Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Извршителите и натаму голем проблем за граѓаните - не сакаат да чујат за запирање на извршување поради застарување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-03-01-at-11.44.53

Народниот-правобранител Насер Зибери, смета дека извршителите се придржуваат за каматата да не биде поголема од основниот долг, но не и кон застареноста на побарувањата утврдени со одлуки на судовите. Зибери рече дека со измените на законите било утврдено да застарува извршувањето ако во рок од пет години од правосилноста на извршната исправа не се поднесе предлог за извршување до извршител или ако има барање за извршување, а во рок од 10 години не биде извршено.

„Е кога сме тука, овој проблем за жал. Извршителите ги одбиваат барањата за запирање на постапките како резултат на измените на законите. Извршителите постојано ги одбиваат ваквите барања на должниците“, кажа Зибери.

— реклама —

Тој кажа дека ги гледале одговорите на извршителите и тие се разликуваат, а нема унифициран пристап и став од извршителите.

— реклама —

„Се повикуваат на ненадлежност за постапување, се повикуваат на неможноста да постапуваат оти ова прашање не е уредено со процесен закон“, додаде Зибери.

— реклама —

Должниците поднесуваат приговори до судовите, а само мал дел судии се одлучуваат да донесат решенија со кои поради застареност ги прифаќаат приговорите.

„Но проблемот оди и натаму, бидејќи има право на жалба од страна на извршителите, а апелационите судии ги одбиваат приговорите, па постапката за извршување продолжува“, посочи Зибери.

Тој потсети на законот.

„Собранието на 20 јули ги усвои измените на Законот за облигациони односи. Во измените беа опфатени нашите препораки да Собранието ги измени законите и законската казнена камата да биде лимитирана до висина на основниот долг, а потоа да не тече, бидејќи имавме апсурдни ситуации кога каматите беа повисоки од основниот долг кој должниците го имаат“, потсети Зибери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања