Извршителите денеска не се на работа - штрајкуваат по 13 години откако кај нас е воведено приватното извршување. Протестот е официјално најавен, иако до синоќа не беше познато каде ќе се одржи и во каква форма извршителите ќе го изразат незадоволство против новиот тарифник кој го подготвува министерството за правда.
Инаку наградата која ја добиваат за извршената работа од 1.000 евра им се намалува на 300 евра. Вчера, Собранието на Комората на извршители требаше да ја потврди оваа одлука, но не се состана поради немање кворум. Од граѓанското здружение „Стоп за извршители“ кои со месеци протестираат, не се изненадени од реакцијата на извршителите. Како ќе делуваат ќе одлучат откако ќе го видат решението на правда па потоа ќе одлучат.
фото: akademik.mk