Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Изживување врз граѓаните заради бизнис интересите на Мицкоски, хаос во Скопје, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Mickoski-05.09

Хаосот во Скопје и блокадата што му се случува на градот е во политичка и логистичка режија на Христијан Мицкоски, вели СДСМ

„Граѓаните со денови не можат непречено да се движат нис Скопје, не можат навреме да дојдат на работа, на факултет, на училиште, на лекар.

— реклама —

Изживувањето врз граѓаните е заради бизнис интереси и кавги за тендери.

— реклама —

Поради лични и бизнис интереси Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ му приредуваат катастрофа на Град Скопје, а граѓаните се оставени без јавен превоз и со блокирани сообраќајници.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години Македонија што беше заглавена.

Сите одговорни за блокадата во градот се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката, претседателот и мнозинството во советот, директорите и членовите на управните одбори.

Тие со Мицкоски на чело се одговорни за хаосот во Скопје.

Наместо да измислуваат конструкции и да ја избегнуваат одговорноста, треба да седнат и да најдат решение за проблемот што го создадоа.

Граѓаните не заслужуваат да ја плаќаат цената за нивните кавги за тендери и провизии, да страдаат поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања