Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Ја држел затворена и насилно ја претепал, таа со нож си ги исекла вените“, обинителството поведе постапка против битолчанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
semejno-nasilstvo

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и со став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 21 октомври, при вршење на семејно насилство и на свиреп начин, осомничениот противправно ја затворил и ја држел затворена, а потоа и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило. Тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја удрил во пределот на главата Потоа ја однел во неговата викендица во Нижеполе, каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото.

— реклама —

Оштетената не можела повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, па посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи и повеќе телесни повреди.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, но осомничениот е во бегство, па притворската мерка ќе започне да се спроведува сметано од денот на неговото пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања