Промени тема
Контакт

Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt
unsplash Julia Rodriguez

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, осомничен за кривичните дела „Телесна повреда“ и „Противправно лишување од слобода“.

Според обвинителството, осомничениот на 23 мај во раните утрински часови противправно ја затворил, ја држел и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи.

— реклама —

Девојката се враќала од матурска прослава кога осомничениот ја пресретнал со автомобил. Таа влегла во возилото, по што тој почнал да вози, ѝ го зел мобилниот телефон и не ѝ дозволувал да замине.

— реклама —

„Оштетената го молела да ја пушти да излезе и кога запреле на една локација се обидела да го напушти возилото, но осомничениот тргнал по неа и започнал да ја удира“, информира обвинителството.

Потоа повторно ја внел во автомобилот и продолжил физички да ја напаѓа со тупаници, нанесувајќи ѝ телесни повреди и крварење од носот.

— реклама —

Девојката успеала да се ослободи и со помош на случаен минувач побарала помош.

— реклама —

Обвинителството наведува дека постои опасност од бегство, но и дека осомничениот и претходно се јавувал како сторител на насилство и други кривични дела. Дополнително, според обвинителот, начинот на извршување на делото укажува на „особено насилнички и контролирачки порив кон младата жртва“.

Поради тоа, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола е доставен предлог за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

semejno-nasilstvo

Сопруг ја претепал сопругата, таа претходно нападнала вработена во Охрид

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Родителите на деца што вршат врсничко насилство ќе плаќаат парични казни, вели Јаневска

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Родител влегол во училишен двор и нападнал дете по расправија меѓу ученици: го удирал со шлаканици и тупаници

Скопје | пред 4 месеци

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Зголемен број случаи на семејно и родово базирано насилство во Скопје и Тетово

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања