„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Ја криел марихуаната во машините за перење на баба му, обвинение против 27-годишник од Богданци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Против 27-годишник од селото Селемли во Општина Богданци е поднесен обвинителен акт за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Како што соопштија од велешкото јавно обвинителство при претрес во домот на неговата баба е откриена марихуана скриена во двете машини за перење.

— реклама —

„По извршен претрес по Наредба на судија на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија, на 23 мај годинава, во домот на бабата на обвинетиот, во две неупотребливи машини за перење пронајдени се 4 најлонски кеси со наркотична дрога – марихуана. Во дворот на куќата обвинетиот чувал 24 млади исушени растенија од видот Cannabis сместени во пластични чаши и саксии. Обвинителството утврди дека обвинетиот неовластено заради продажба држел дрога марихуана со вкупна тежина од 912,60 грама и 24 млади исушени стебла Cannabis во висина од 8 см до 24 см, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, информираа од Обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања