Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Ја носел мајка си во инвалидска количка да проси, а потоа ѝ ги земал парите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Македонија
media-libraryvk1378ng0h7u7FbPvtw

Шеесетгодишен жител на Гостивар е лишен од слобода под сомнение дека во текот на 2025 и 2026 година ја принудувал својата 80-годишна мајка да проси, а потоа насилно ѝ ги одземал парите за свои потреби.

— реклама —

Против него Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе поднела кривична пријава за трговија со луѓе, согласно член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Постапката била спроведена под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

— реклама —
— реклама —

Според пријавата, осомничениот ја искористувал ранливоста и зависната положба на својата мајка, која се движела со инвалидска количка и не можела самостојно да ги извршува секојдневните активности. Подолг период ја носел на одредена локација во Гостивар и ја принудувал да проси, додека постојано ја надгледувал и контролирал. Потоа, на насилен и дрзок начин, ѝ ги одземал собраните пари.

— реклама —

По судска наредба издадена од Основниот кривичен суд Скопје, полицијата извршила претрес во домот и други простории што ги користел осомничениот во Гостивар, при што биле пронајдени и привремено одземени мобилни телефони и пари за кои се сомнева дека потекнуваат од кривичното дело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања