Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ја ограничивме маржата на најмногу 10 отсто за дрвата и пелетите за огрев, вели Коциќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
13-08-2022-Kocikj

Владата предводена од СДСМ во време на светска енергетска и економска криза презема мерки за заштита на економскиот стандард на граѓаните, вели Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

„Донесена е Одлука со која се определува највисока трговска маржа во висина од најмногу до 10 отсто во трговијата со огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев.

— реклама —

Оваа одлука важи за сите трговски друштва и трговци-поединци кои учествуваат во трговијата на мало во продажбата на огревно дрво и пелети за огрев, со цел да се заштитат потрошувачите од неконтролирано покачување на цените на стоките за огрев.

— реклама —

Ова е особено важно затоа што домаќинствата се наоѓаат во период на подготвка за грејната сезона и побарувачката за орегвно дрво и пелети е драстично зголемена.

Одлуката ќе се применува до 31 декември 2022 година, а нејзиното почитување ќе се контролира од надлежните институции.

— реклама —

На сила до крајот на септември се уште важат ограничувањата на маржите на основните прехранбени продукти.

— реклама —

Сто ова, почитувани е во насока на заштита на стандардот на семејствата од последиците што со себе ги носи глобалната економска криза.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики што го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат стабилна и ликвидна економија“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања