„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Ја почитуваат ли Мијалков и Камчев мерката куќен притвор?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Kamcev-Mijalkov

Додека се шири листата на бегалци по кои е распишана меѓународна потерница, полицијата редовно ги проверува поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, кои се во куќен притвор, осомничени во последниот случај на Специјалното јавно обвинителство, „Империја“. Досега полицајците што отишле во нивните домови, на адресата каде што го издржуваат куќниот притвор, утврдиле дека двајцата ја почитуваат мерката и не излегуваат од дома. Специјалното јавно обвинителство редовно добива известувања од Министерството за внатрешни работи за спроведувањето на мерката и досега сите осомничени, кои околу новогодишните празници беа пуштени дома, се придржуваат на правилата.

— реклама —

Од Специјалното јавно обвинителство велат дека интензивно работат на истрагата за овој случај за кој остануваат нешто повеќе од три месеци да се поднесе обвинение. Со оглед на тоа дека за кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена затворска казна од најмалку пет години, притворот може да трае шест месеци и во тој период СЈО треба да собере докази и да го поднесе обвинението. Случајот „Империја“ беше отворен во периодот кога поранешниот премиер Никола Груевски требаше да биде спроведен во затвор. Додека новинарите го чекаа него пред Шутка, во притвор заврши најбогатиот Македонец, Орце Камчев и четворица други негови соработници - Ненад Јосифовиќ, директор на Стопанска банка, Цветан Панделески, сопственик на „Пелистерка“, сопственикот на компанијата „Ексико“, Тодор Мирчевски и сметководителката на фирмите на Камчев, Зорица Арсовска. Сите се осомничени за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.

Повеќе на Независен.мк

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања