Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„Ја разбираме жедта за кавги и намерата да дојде до израз“ - Ѓорче нема депонирано отпад во дивата депонија откриена од Арсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
danela-stojkoski

Немаме депонирано отпад на посочената локација од скопската градоначалничка Данела Арсовска, тврди Општина Ѓорче Петров. Случајот и го нарекоа „помпезен“, а тврдат дека се решава во пет минути, доколку се јават на директорот на ЈП Комунална Хигиена-Карпош. Ова доаѓа откако Арсовска, која вообичаено не се појавува пред медиумите, излезе да открие, како што вели - „екоцид“.

— реклама —

„Ја разбираме потребата и жедта за политички пресметки и кавги на градоначалничката Данела Арсовска, и намерата преку тоа да дојде до израз, бидејќи со работа и проекти тешко, но мораме да потенцираме дека и оваа нејзина помпезна прес конференција е промашена.

— реклама —

Општина Ѓорче Петров никогаш не депонирала отпад нелегално на посочената локација, ниту создавала диви депонии. Напротив Oпштината го чисти таквото ѓубре.

— реклама —

За тоа дека ја говориме вистината, градоначалничката Арсовска може да провери во пунктот на ЈП Комунална хигена во Карпош, каде јасно ќе види дека општинските служби таму одлагале кабаст отпад.

Големиот помпезен случај на Арсовска, се решава за 5 минути и еден телефонски разговор со нејзиниот директор на ова јавно претпријатие.

Катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини, нема да ги покрие со политички мотивирани прес конференции.

Добро ќе биде наместо водење висока политика и кажувањето на ловечки приказни, градоначалничката да се погрижи за акутните проблеми на градот, па на следната прес конференција да се пофали со некој изграден булевар, почист воздух или пак решение на чекањето по повеќе часови на автобуски превоз, кој секако согласно нејзините заложби треба да биде бесплатен“, велат од Кабинетот на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања