Стевче Јакимовски во вчерашното интервју во „Само интервју“ истакна дека со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски не функционираат во најдобар однос.
- Тие што се мои обврски како коалиционен договор во Карпош се исполнети во целост, но коалициските договори во Скопје и во Македонија и обврските на ВМРО ДПМНЕ се „чиста нула“, истакна Јакимовски во интервјуто.
Тој нагласи дека ГРОМ не е партија на потрчковци, неалудирајќи на тоа дека во прашање е доведено учеството во коалицијата.