Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Јакимовски контра сите: ќе биде фер, ама Кодекс не потпишува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо Јакимовски денеска во Државната изборна комисија не го потпиша Кодексот за Фер и демократски избори.

— реклама —

Образложувајќи ја неговата одлука, Јакимовски рече дека одредени претседателски кандидати се фаворизирани наспроти другите и дека тоа се гледа и по распределбата на финансиски средства.

- За да можеме денеска да бидеме овде, ние пред себе имавме два услова, а тоа се или да не кандидираат 30 пратеника или да собереме 10 000 потписи. Денеска дојдовме да потпишеме Кодекс за фер и демократски услови во кој, жал ми е што јас морам тоа да го кажам, одредени кандидати се максимално фаворизини, земајќи големи средства и кога ќе поделиме ќе видиме дека потписот што граѓаните го дале за нив, вреди 97,5 евра, а потписот што е даден за нас вреди 12,6 евра и ние сега треба да зборуваме за фер и демократски избори. Тоа ќе го голтнеме, но утрово ја добив веста дека се откажува мастер дебатата и мислам дека тоа не е во ред, не оди во духот на развој на демократските процеси, рече Јакимовски.

— реклама —

Претседателскиот кандидат Јакимовски во своето обраќање јасно кажа дека нема да го потпишува Кодексот се додека не се организира дебата помеѓу сите претседателски кандидати.

- Навистина е чудно, на локални избори да одиме на три дебати, каде разговараме за канализации, водоводи и паркови, а кога треба да разговараме за битни држвни работи, да немаме ниту една дебата. Мене ми е жал што ова го кажувам, длабоко се извинувам, јас Кодексот ќе го почитувам, но ако немаме дебати јас кодексот нема да го потпишам. Жал ми е што ова ви го кажувам. Јас на локалните избори имав нула средства за реклама, но имавме дебати. Сега со вакви минимални средства и плус се откажуваме од дебатите, сметам дека тоа не е во интерес на граѓаните и јас претседателе би ве замолил да ветите дека ќе организирате дебати и јас немам пробелм. ќе го потпишам Кодексот, во спротивно не сум подготвен. ДИК е должна да ги обезбеди сите услови за фер и демократски избори“ порача Јакимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања