„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јакимовски очекувал да биде ослободен: Мислев ќе се почастиме денес, хајката се води долго време, ме измачија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
stevco-jakimovski-2510

По пресудата од три години и шест месеци затвор, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски смета дека целта е да го тргнат него од политичката сцена, па тврди дека е целосно чист. Тој беше гонет, дека легализирал времени објекти, што било противзаконски, бидејќи легализација била можна само на цврсти објекти.

— реклама —

„Се прашувам кога мене ова како јавна личност, ми се случува ова, што ли се случува со кутрите луѓе низ судските лаверинти. Осуден сум зошто сум ја направил баракава и онаа другата, а во проектот стои изградба на монтажно-демонтажна барака, тие се времени објекти, а за времен објект имаме одлука на совет, а за времен објект не може да се гони кривично. Обвинителството се послужи со фалсификат кој го докажавме со вештачење. Обвинителката се држи како давеник на сламка дека тие во 1987 година се поставени како времени објекти, а оттогаш до 2013 година? Што се случувало? Го изгубиле статусот на времените објекти, не им се продолжиле дозволите ни на објектите ни на земјиштето под закуп. Овие објекти стануваат бесправни. Сите се видоизменувани, доградувани со многу квадрати. Ние не сме сами во оваа постапка, учествуваше и геометар. Сите овие објекти се означени како дивоизградени, а обвинителот тврди дека се времени објекти, а никаде нема во историјатот на Катастарот“, рече Јакимовски.

Тој додаде: „Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, а за дојдат со купените дипломи. Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството. Ќе поднесеме жалба до Апелација, аргументите се 1000% на наша страна. А мислев денеска ќе се почастиме со колегите.. Тоа е едно здружение направено, за да нѐ тргнат ние што се разбираме, што имаме резултати, а пред локалните избори. И општина и држава да ни водат овие со купени дипломи, а оваа Влада не се срами“, рече Јакимовски, обвинувајќи дека бил вршен притисок и за да се изнудат изјави против него.

— реклама —

Јакимовски вели дека едни му поднеле пријава, а други му донеле пресуда, додека тој се бори за државата и почитување на законите. Потоа, рече дека очекувал ослободителна пресуда.

„Сто отсто аргументите се на твоја страна, не знам што се докажуваме шест и пол години. Навистина ме измачија, не знам што одиме по судови, на Божја правдина имаме пресуда од 3,6 години“, рече Јакимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања