Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на опозицијата, Стевчо Јакимовски, се пожали дека неговиот профил на Фејсбук е честа мета на хакерски напади.
– Сакам да ве известам дека во последниот период мојот профил на фејсбук каде што комуницирам со граѓаните е цел на континуирани хакерски напади на социјалните мрежи преку лажни кинески профили – вели Јакимовски.
Лидерот на ГРОМ ги замоли своите противници да останат коректни во пресрет на вториот круг од локалните избори.
– Ги замолувам политичките противници за коректен финиш на политичката кампања – посочи тој.