Јакимовски: Со бегството на Груевски поразени сме сите!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
oliver-andonov-1

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски смета дека со бегството на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски, поразени сме сите: и власта и опозицијата, целото правосудство и самиот тој.

— реклама —

Според него, постоеле неколку фактори кои овој случај го направиле политички и монтиран.

— реклама —

„Кршењето на човековите права, кршење на процесно право, судење без адвокат, судење во енормно кратки рокови, судење за смешно кривично дело за набавка на ‘мерцедесот’, а не за корупција, инсистирањето да се затвори по секоја цена, погодувајќи го тајмингот кога се расправа за уставните амандмани – го направија овој случај класичен политички монтиран. Жал ми е што Републичкиот судски совет не го сфати сериозно обвинувањето на Груевски дека врз Апелација се врши притисок да се донесе осудителна пресуда. Длабоко сум убеден дека овој случај ќе прави дополнителни штети во Советот на Европа.. Сето тоа ќе оди на штета на сите граѓани, благодарејќи на ‘Кацарска судството’, кое го замени ‘Сваровски судството’. Во моментов имаме судство што се карактериизира со својата бруталност, неприципиелност, осветољубивост и непочитување на законските прописи и пресумпцијата на невиност“, посочува Јакимовски во изјава за „Независен“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања