Промени тема
Контакт

Јамалов: Рекордните резултати на МВР во борбата против криминалот и корупцијата се доказ дека интерпелацијата е неоснована

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryekg540tq9ld2auX7U4b

На денешната собраниска  седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека резултатите на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период покажуваат значителен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, оценувајќи дека поднесената интерпелација нема основа во реалните показатели.

„Кога ќе ги погледнеме резултатите на Министерството за внатрешни работи за 2024, 2025 и 2026 една половина станува јасно дека оваа интерпелација нема допирна точка со реалноста. Во овој период е намален вкупниот криминал, а Бирото за јавна безбедност постигнала вкупна ефикасност од 67%.Истовремено е зголемен бројот на откриени сторители, што покажува дека полицијата не само што реагира туку и успешно ги расчистува кривичните дела. Особено значајни се резултатите во борбата против организираниот криминал. Во изминатиот период се сузбиени повеќе од 30 организирани криминални групи. Ова не се статистики на институцијата која потфрлила. Ова се резултати на институција која директно удира врз криминалните структури“, рече Јамалов.

— реклама —

Тој нагласи дека е зголемен бројот на откриени сторители на кривични дела, што, според него, покажува дека полицијата успешно реагира и ги расчистува случаите. Осврнувајќи се на борбата против корупцијата, Јамалов рече дека се постигнати резултати какви што одамна не биле забележани.

„Во борбата против корупцијата се постигнати резултати, како што одамна не се забележани. Сузбиени се шест организирани криминални групи, а кривично се пријавени 146 физички и 18 правни лица. Откриени случаи на корупција се зголемени за над 45%.Регистрирани се околу 500 кривични дела што претставуваат раст од над 76%, а бројот на пријавени сторители е зголемен за дури 160%. Ова покажува дека денес никој не е недопирлив пред законот“, истакна Јамалов.

— реклама —

Во завршницата од своето обраќање, пратеникот оцени дека интерпелацијата треба да биде инструмент за утврдување одговорност кога нема резултати, а не кога институциите бележат напредок.

— реклама —

„Интерпелацијата треба да биде инструмент за утврдување одговорност кога нема резултати. Но денес пред нас стојат бројки кои покажуваат намален криминал, поголема ефикасност. Повеќе откриени сторители, повеќе сузбиени криминални групи, посилна борба против криминалот и корупцијата, рекордни заплени на дрога и оружје и поголема безбедност за граѓаните. Затоа сметам дека оваа интерпелација не е заснована на факти, туку на политичка потреба да се оспорат резултатите кои се очигледни и видливи. Најсилниот одговор на оваа интерпелација не се зборовите туку резултатите“, порача Јамалов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryjs99c1mk31qr8CbFl1A

„Филипче се фали со одлуки на обвинител кој слепо следи партиски насоки што е сосема спротивно од европските стандарди“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 часа

media-library006733a94g0e1RsM7NS

„До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната година“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 8 часа

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

„СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh4uaeu6peghp68rbgaL

„Наспроти црните сценарија на СДС, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања