Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Јанакиески на слобода во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-11-14-at-20.02.44

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во јуни ќе излезе на слобода, а за слободата на ексдиректорот на УБК Сашо Мијаков, допрва ќе се одлучува, соопшти денеска Апелацискиот суд Скопје. Предметот на Мијалков оди на повторно постапување.

— реклама —

Апелацискиот суд – Скопје донесе решение со кое жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот Миле Јанакиевскиод со која се бара условен отпуст, се уважува. Согласно донесеното решение на Апелацискиот суд – Скопје, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот Јанакиевски наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело – соопшти Судот.

Јанакиевски, министер во Владите на Никола Груевски се гонеше за предметите: Шамари во Центар, Топлик, Организатори за 27 април, Титаник, ТНТ, Талир, Траекторија, Шпански скали, Дизајн.

— реклама —

Мијалков.

— реклама —

Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот Сашо Мијслков, а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Уважувањето на жалбата на осудениот Сашо Мијалков доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован.

— реклама —

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 година

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 година

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 година

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања