Јанчев: На ВМРО ДПМНЕ му треба брз „ремонт“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mitko

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, повторно го повика раководството на неговата матична партија да преземе одговорност за изгубените избори. Поранешниот потпретседател на најголемата опозициска партија, во интервју за „Слободен печат“ вели и дека „ремонтот“ треба да биде брз.

— реклама —

„Секоја раководна функција ги сноси последиците од слабиот резултат. Тоа е секогаш така, не само во политиката. Доблест е да можеш да погледнеш назад, да ги издвоиш грешките, да ги забележиш на лист хартија, а потоа истите тие грешки да ти станат секојдневен потсетник за тоа како не треба. Но, понекогаш сме убедени во тоа дека нашите грешки всушност не се грешки, дека сме целосно во право. Но, секогаш е виновен првиот човек. За жал, и во овој случај е исто. Јас повикав на брз ремонт во партијата, затоа што тоа е мојата матична партија и чувствувам одамна дека треба нешто да се промени“ вели Јанчев за „Слободен печат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања