Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Јане Ченто испрати одговор до Дамјан Манчевски:Си го спомнал Ченто во некоја радиоемисија, немој нареден пат, те замолувам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Jane-Cento-696x371

Јане Ченто чиј сака нека е, што сака нека е по националност, Јане Ченто беше еден од тие што дојде во Собрание и јавно на теевизија сакаше да не убие. И за тоа е тој таму. И другите. Законт не прави и не треба да прави апсолутно разлика кој чиј е и од која националност е, истакнал министерот Дамјан Манчевски во радиоемисија на Канал 77.

По ова се огласи Ченто. Интегралната порака до Манчевски глси:

— реклама —

https://www.facebook.com/slobodazacentojane/posts/2174052595970909

- Дамјане, со господин секако нема да ти се обратам, бидејќи предавници на својот народ не се господа. Иако, вие се мислите за тоа. Си го спомнал Ченто во некоја радиоемисија, немој нареден пат, те замолувам.

— реклама —

Прво, колку што се сеќавам ти беше сведок на главните расправи и сведочеше за настаните од 27 април, да те потсетам што кажа тогаш.

Опишавте лице околу 50-60 години, понизок од вас, што ве тепал и вие не го гледате во судницата, второ рековте дека со бокс ве удрил некој во сиви тренерки и бела маица, трето, зошто на суд не ме спомнавте мене, дека сум сакал да ве убијам, како што сега тврдите на радио?

Само да знаете, еден ден ќе дојде крај на вашите лаги, а богами може и вие ќе бидете во затвор, тоа ви го ветувам лично јас.

Немој да мислиш дека ти се плашам од твоите зборови „Ќе лежи во затвор“. Да, може ќе лежам во затвор, исто како што му монтиравте случај на мојот прадедо, кој се борел за Македонија, исто ми монтирате и мене случај, бидејќи и јас се борам за Македонија. И ќе се борам, Дамјане, без разлика дали од затвор или од слобода. Така да тоа заплашување може и да помине кај други, ама кај мене сигурно не!

Кој знае, Дамјане, може и ќе се сретнеме во затвор некогаш. Горд сум што низ мене тече крвта на Ченто и го имам неговиот пркосен карактер.

Првиот Ченто се бореше против фашистите и победи, денес јас морам да се борам, со вас, фашисти, и ќе ве победам, бидете убедени во тоа. Чентовци не клечат и не се молат туку се борат машки и достоинствено, макар тоа би значело и борба од затвор. И нареден пат, те замолувам, да не го спомнуваш презимето, бидејќи не си достоен за тоа!

Да живее Република Македонија!

Слобода за народот, смрт на фашизмот!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања