Јане Ченто од затвор ги повикува бојкотирачите да гласаат за Силјановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Jane-Cento-696x371

Осудениот за настаните од 27 април, Јане Ченто, од затвор каде ја одлежува казната, агитира за кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска. Тој испрати порака до оние што го бојкотираа првиот круг од изборите велејќи дека поради нив излезноста беше само 42 отсто од гласачите.

— реклама —

„Од Вас зависи дали Силјановска ќе биде новиот претседател и дали ќе има предвремени парламентарни избори на есен кога конечно ќе ја испратиме оваа криминална банда во историјата или ќе одлучите да го бојкотирате и вториот круг за да можат Заев и неговата криминална банда да владеат уште најмалку 2 години каде што ќе се обидат да ја зацврстат власта со сите можни средства. Знам дека бројката за бојкот е голема но доколку гласате за Силјановска таа ќе биде новиот претседател и оваа криминална власт ќе биде на колена и ќе мора да си оди. Вашиот бојкот ќе го донесе Стево за претседател а со тоа и ќе се легитимира проектот „Северна“, вели Ченто

Според него СДСМ е во слободен пат, а разочарани од владејачката гарнитура се и Албанците, вели Ченто, кои исто така, според него, сакаат да промена на власта.

— реклама —

„Изборот е Ваш, се надевам дека ќе ја видете оваа историска шанса да ги испратиме транзициските политичари во историјата и дека ќе гласате за бројот 2 односно за Проф. Силјановска Давкова за да можеме да ја испратиме оваа криминална влада во историјата и на есен да дојде нова, чесна, достоинствена и праведна влада. Влада составена и од десни и од леви партии кои и мислат добро на државата и на граѓаните, влада од чесни Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и останати етнички заедници. Републиката треба да ја издигнеме од калта во која ја закопа оваа криминална банда и ќе успееме во издигањето сите сплотени. Промената започна на 21ви Април а на 5ти Мај треба да удриме печат на победата за подобра Република Македонија“, порачува Ченто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања