Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Јанева ќе бараше нов мандат, а поднесе оставка - зошто?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева поднесе оставка, која ќе се активира кога партиите ќе се договорат за нејзиниот наследник и ќе го донесат новото законско решение, пишува ИРЛ.МК

„Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја“, пишува во соопштението од Катица Јанева.

— реклама —

Во оставката се наведува дека и’ било чест што и’ служела на државата и била на чело на исклучително професионален обвинителски тим со кој испишале историја.

— реклама —

Повлекувањето на Јанева е изненадување, со оглед дека таа во интервју за „Независен весник“ во април годинава најави дека планира повторно да конкурира за специјален јавен обвинител.

— реклама —

„Јас ќе конкурирам доколку се изгласа новиот закон за јавно обвинителство, односно на конкурсот за избор на специјален јавен обвинител. На тоа имаат право сите обвинители што ги исполнуваат условите предвидени со предлог- законот. Сметам дека ги исполнувам условите и ќе поднесам документи. Нема да се откажам. Секако, јас не можам да влијаам врз изборот, тоа е работа на Советот на јавни обвинители“, изјави Јанева за „Независен весник“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања