„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јанева нема да признае вина, ќе се брани и ќе ги убедува сите дека нема докази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janeva-2

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева нема да признае вина за случајот „Рекет“. Одбраната на Јанева е децидна во ставот дека обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска нема докази против Јанева, па поради тоа нема причина да го користат законското право поранешната шефица во моментот кога ќе биде прашана за изјаснување на вина пред стартот на судскиот процес, да признава вина. Јанева во текот на судската постапка ќе докажува дека Русковска нема докази кои укажуваат на тоа дека таа го сторила кривичното дело за кое ја гони ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција., објави мкд.мк

— реклама —

Јанева од пред неколку дена е во куќен притвор, откако Апелацискиот суд донесе одлука дека мерката притвор во текот на постапката може да се замени со поблага мерка за обезбедување на присуство.

Јанева беше во притвор од 21 август кога беше приведена поради инволвираност во случајот „Рекет".Во текот на истрагата таа не даде исказ.

— реклама —

Јанева, според обвинителниот акт падна во случајот „Рекет“ за 50.000 евра слушајќи ги наредбите на првообвинетиот Бојан Јовановски, објави мкд.мк

Текстот во целост на: МКД.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања