Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Јанева се обиде да го надвладее криминалот, па се сопна и падна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Katica-Janeva

На 16 септември 2015 година Катица Јанева ја даде својата свечена заклетва пред Советот на јавните обвинители. Тоа беше финалниот чин на избор на првиот македонски „специјален обвинител“ чија примарна задача е да ги истражи и да ги изведе пред лицето на правдата сите одговорни за скандалот за незаконското прислушување во земјата, но и да ги гони сите за кои има сомнеж дека сториле кривично дело од содржината на прислушуваните разговори. Зад изборот на Јанева и нејзиниот мандат застанаа четирите најголеми политички партии во тој момент, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како владејачки и СДСМ и ДПА како опозициски партии. Претходеа неколкумесечни преговори со посредништво на меѓународната заедница, објави alsat-m.tv.

Но, поддршката бргу ја снема и Јанева се соочи со првите сопки.

— реклама —

На почетокот на декември, тогашниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски и ги прати сите предмети кои ги водеше редовното обвинителство поврзани со прислушуваните разговори. На крајот на декември, опозициската СДСМ ги предаде сите прислушувани разговори. Со тоа, речиси четири месеци по стапувањето на функцијата, СЈО конечно доби „материјал“ за работа.

— реклама —

Точно две години подоцна, на една рака се бројат предметите за кои има правосилна судска пресуда од предметите на СЈО.

— реклама —

Мандатот на Катица Јанева истекува на 15 септември годинава, односно за два месеци. Ако до тогаш не се избере нов обвинител или не се смени законот, нема кој да ги застапува предметите на СЈО.

Текстот во целост на: alsat-m.tv

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања