„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јанева со насмевка си замина од канцеларијата на Русковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Katica-Janeva-izjava-posle-raspit_1

По четири и пол часа распит во Обвинителството за организиран криминал, Катица Јанева си замина со насмевка и се уште во својство на сведок. Специјалната јавна обвинителка по исказот кај Вилма Русковска не е осомничена во случајот „Рекет“. Во Обвинителството беше придружувана од адвокатот, Стеван Павлески, кој истовремено е адвокат на осомничениот Цветан Панделески во случајот „Империја“.

— реклама —

По завршувањето на распитот Јанева даде штура изјава , без да открие детали што точно изјавила за случајот „Рекет“. Постојано повторуваше дека не смее да зборува, бидејќи се уште трае истрагата.

„Може да бидете стрпливи. Ова е истрага, треба да знаете и тоа е општо познато дека за истрага не се споделуваат информации. Се надевам дека ќе има судење на кое ќе бидете присутни и ќе се гледаме уште почесто.“

— реклама —

Новинарите ја прашаа дали чувствува вина за случајот „Рекет“, на што таа одговори дека не чувствува. По прашањето зошто барала спогодба за случајот „Империја“, реагираше нејзиниот адвокат кој ја посоветува некои работи да премолчи со зборовите: „Не си на распит“, по што ја испрати до службеното „Пежо“.

Повеќе на ИРЛ.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања