„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јанева со ново писмо барала пари од СЈО за да плати адвокат кој ќе ја брани во „Рекет“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Screenshot_3-1

Ново писмо од Катица Јанева пристигнало на „Рузвелтова 34“. Според информации на Сител, поранешната специјална обвинителка во писмото навела неколку барања.

— реклама —

Освен да ги добие личните предмети, Јанева пишувала и за таканаречениот „заеднички фонд“ на специјалното обвинителство, со кој таа лично управувала.

— реклама —

Неофицијално сакала тој буџет да се користи за покривање на трошоци за нејзина одбрана во текот на кривичната постапка.

— реклама —

Адвокатот на екс шефицата на СЈО, Ирена Фрчкоска, вели дека нема информации оти нејзиниот клиент испратил писмо со кое бара за нејзина одбрана да се користи „заедничкиот фонд“ на вработените во обвинителството.

Новото писмо на Јанева никој во СЈО не сака да го коментира, но неколку обвинители потврдија дека вработените во обвинителството одделувале пари за фонд кој се користел за заеднички потреби..

Поранешната специјална обвинителка, откако помина 30 дена во притвор во вторник повторно ќе се појави на распит во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таа прв пат ќе се соочи со Вилма Русковска како осомничена во случајот Рекет.

Утре на распит е повикан и првоосомничениот во овој случај, Бојан Јовановски. Неговиот адвокат вели дека распитот ќе се однесува за „Рекет“, само во однос на сомненијата поради кој е во притвор, но не и на други околности бидејќи истрагата не е проширена.

Јовановски, Милевски и Јанева се осомничени за примање награда, злоупотреба на службена положба и перење пари.

Според истрагата, заеднички влијаеле бизнисменот Орце Камчев да биде ослободен од притвор, за што тој платил 1,5 милион евра.

Извор: Лидер.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања