Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Јанева во Шутка сместена во соодветна ќелија, со посебни безбедносни мерки, не се гледа ни со „пријателите“, ниту со непријателите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Ден по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, Катица Јанева ја загуби својата мајка, а истото утро беше и приведена за вмешаност во аферата „Рекет“. Следниот ден на погpeбот присуствуваше во улога на притвореник, со забрана да комуницира со роднините, а по завршувањето на погpeбната церемонија, веднаш беше вратена во затвopoт во Шутка.

— реклама —

— реклама —

Во „Шутка“, пак, за Јанева немаше место во таканареченото „хашко одделение“, за кое се смета дека има нешто подобри услови, бидејќи тие ќелии се доделуваат по принцип „прв дојден, прв услужен“.

— реклама —

Сепак, како што пренесува „Независен“, според извори од затворот, направена е безбедносна проценка и Јанева е сместена во соодветна ќелија, при што за неа се предвидени посебни безбедносни мерки. Со оглед дека станува збор за обвинител што гонел криминалци и од низок и од висок ранг, како за време на СЈО, така и претходно, Јанева е распределена во ќелија каде нема да биде во контакт со „пријателите“ обвинети за „Рекет“, но ниту со непријателите кои од претходно можеби ги има во затворот и кои евентуално би имале мотив да и се одмaздaт.

Направена е безбедносна проценка и таа е сместена во соодветна ќелија. Внимаваме да не биде во контакт со другите обвинети од случајот „Рекет“, но и со евентуално други затвореници што можеби сакаат да ѝ се одмаздат. Вообичаено, притворениците не одат сами во соба, туку имаат цимер – велат извори од затворот во населбата Шуто Оризари за „Независен“.

Според нив, Јанева е сместена во женскиот оддел на првиот кат од затворската зграда. Условите од женскиот дел во затворот се за нијанса подобри отколку во машкиот, но и натаму се далеку од просекот што важи во европските држави.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања