Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Јаневска: Случајот со синот на Џафери не смее да се заборави, младите го гледаат ова и се демотивираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vesna01032023

Нема ништо од Едно општество за сите, во Македонија никој не доби ништо, добија само оние од власта, добија тендерашите, се промовираат вредности меѓу младите кои не се вредности, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

— реклама —

Професорката се осврна на случајот со синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

— реклама —

„Синот на Талат Џафери, случајот со синот на Џафери не смее да се заборави. Тоа е пример кој не смее да се заборави. Тоа е пример како не треба, без завршен факултет добил правосуден, или полагал без да смее да полага, па отишол на Академија, сега е на листа за јавен обвинител. И децата, младите го гледаат ова и се демотивираат. Има деца кои учат. Ние им даваме примери она што не треба да го прават. Тие го гледаат само она што не треба да го прават“, рече Јаневска.

— реклама —

Јаневска се осврна и на ситуацијата меѓу Македонија и Бугарија објаснувајќи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е многу европски, бидејќи европски е да се брани културата и идентитетот.

— реклама —

„Против волја на народот се прифати францускиот предлог, анализата покажа дека тоа не е поволно за нас. Многу е европски ставот на ВМРО-ДПМНЕ, европска вредност е да се брани идентитетот и културата. Ние бараме нешто што на сите им е признаено, а тоа е да кажеме дека сме Македонци“, рече Јаневска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања