„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Јаневски: Диви депонии има низ цело Скопје, дали градоначалниците чекаат избори за да ги исчистат?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
janevski

Денес се наоѓаме во Општина Аеродром на патот помеѓу Долно Лисиче и Јурумлери. Ова што го гледате зад мене е дива депонија крај течението на реката Вардар, која е доказ за негрижата на локалните власти за животната средина, истакна Младен Јаневски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додаде:

— реклама —

За жал, ова е честа слика на територијата на градот Скопје. Вакви диви депонии може да сретнете и кај Вардариште- во близина на строгиот центар на градот, во Ново Село- Општина Ѓорче Петров, во Трнодол- Општина Карпош, во Железара и во Дендропаркот во Трубарево- Општина Гази Баба.

Сакаме да ги потсетиме градоначалниците дека во своите предизборни кампањи во 2017 година ветуваа чист воздух од првиот ден на доаѓање на власт, чиста животна средина и повеќе зелени површини. Ова што го гледаме денес е сосема спротивно на нивните ветувања. Оттука сакам да ги прашам, дали чекаат да започне предизборна кампања за да сработат нешто или нивните празни ветувања беа само со една цел, да седнат во фотелјите на општините и градот Скопје без да се грижат за проблемите на граѓаните, истакна Јаневски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања