Јаневски: Кризата предизвикана од ковид-19 ги извади на површина проблемите во туристичкиот сектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ljupco-janevski

Кризата предизвикана од ковид-19 ги извади на површина проблемите во туристичкиот сектор кои во многу наврати се занемаруваа, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

— реклама —

„Затоа, периодот кој е пред нас ни нуди доволно време да се насочиме кон градење добра законска легислатива која ќе биде во линија со европската и ќе овозможи брзо приклучување кон ова семејство“, вели Јаневски во интервју за МИА.

Според него, околу 350 илјади наши граѓани патувале во изминатите години надвор од нашите граници на годишен одмор одливајќи финансиски средства кои годинава останаа дома.

— реклама —

Голем број на дестинации кога се наполнија со туристи, вели Јаневски, ги покажаа нашите недостатоци и на површина излезе слабото управување со туристичките дестинации.

„Недостаток на содржини, атракции, сместувачки капацитети, услуга, управување со отпад, придржување до протоколите се само дел од точките кои треба во многу брзо време да ги подобриме ако сакаме во викендите до крајот на годината да имаме туристи во сместувачките капацитети“,  додава  Јаневски.

Бидејќи годинава претежно се потпираме на домашниот туризам, вели Јаневски, мерењата се во поглед на бројот на остварени ноќевања за кои се очекува да има пад во 2020 година од 30 – 35 оттсо во поглед на минатата година.

„Тоа би се сметало за успех доколку ги земеме предвид најавите за процентуалниот европски, па и светски пад на туризмот“, вели Јаневски.

Тој смета дека четвртиот економски пакет на мерки не треба да биде линеарен, туку треба да овозможи помош со тоа што ќе го земе предвид остварениот промет во изминатиот трет квартал, а тоа ќе се постигне со спроведување добра анализа за добиените и очекувани ефекти на краток рок.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања