Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Јанкуловски: Депозитите на граѓаните се заштитени, нема потреба од паника

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 минути -

Македонија
media-librarybc2eecoqgsh8de4wl0T

Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, порача дека депозитите и правата на граѓаните се заштитени согласно со законските прописи и дека нема потреба од паника поради случувањата во банкарскиот сектор.

— реклама —

Во својата објава, Јанкуловски објасни дека досега се воздржувал од јавни коментари бидејќи супервизијата и контролата на банките се во надлежност на Народната банка, а не на Министерството за финансии. Според него, одговорното постапување е неопходно за смирување и нормализирање на состојбите.

— реклама —
— реклама —

Тој упати критики до политичките чинители кои, како што наведува, со неодговорни изјави и непроверени информации ја нарушуваат довербата на граѓаните во финансискиот сектор.

Јанкуловски нагласи дека Народната банка располага со стручни кадри и законски механизми за контрола на банкарскиот систем, повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да се потпираат на проверени информации.

— реклама —

„Доколку продолжат неоснованите напади врз правни субјекти во финансискиот сектор и ширењето дезинформации што можат да ја нарушат довербата на граѓаните, како Влада нема да останеме неми“, порача заменик-министерот, најавувајќи постапување во рамките на законските надлежности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања