Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Јанкуловски: Формирањето на синдикална организација на универзитетите не е спротивно со ниеден закон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nikola-jankulovski

Формирањето на синдикална организација на универзитетите не е спротивно со ниеден закон. Тоа го дозволува и член 220 од Законот за работни односи и неосновани се нападите врз нас ректорите, изјави денеска ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски.

— реклама —

-Кога станува збор за прашањето на јавен сектор, потпишувањето на синдикални колективни договори е секогаш меѓу основачот и синдикалната органзиација. Ние ректорите секогаш се трудиме да го подобриме квалитетот во високото образование, да ги подобриме условите за работа и стандарпт на вработените во универзитетите. Формирањето на синдикална организација на универзитетите секако дека не е контраиндицирано со ниеден закон. Тоа го дозволува и член 220 од Законот за работни односи. Неосновани се нападите врз нас ректорите затоа што законот тоа го дозволува да секој основач на јавна установа потпише договор со репрезентативна синдикална организација. Оваа шанса која ни е наведена за покачување на платите од 10 проценти сметаме дека не треба да се пропушти, особено кога се е во рамки на законската регулатива, рече ректорот Јанкуловски на новинарско прашање по потпишувањето Меморандум за соработка со Агенцијата за национална безбедност.

-Ние ниту имаме намера, ниту вршиме притисок на некого, како ќе си одлучат тие така ќе работат. Меѓутоа можам да кажам дека ние како Универзитет за само еден ден и половина постигнавме реперезентативност што е за поздравување, рече Јанкуловски.

— реклама —

Извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања