Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Јанушев: Дали е точно дека братучед на Рашкоски го доби тендерот од 12 милиони денари, доделен пак од братучед на неговста сопруга?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Janusev-PRESS-2810-2

Вчера обзнанивме голем скандалозен тендер, договорен во 4 очи, во период на вонредната состојба. Додека граѓаните умираат од вирусот Ковид-19 и ги губат своите работни места, Владата на СДСМ го „цеди“ буџетот на граѓаните, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата „Алпима градба тим“ ДООЕЛ Струмица, како единствен понудувач во 4 очи доби тендер од ЈП Дрисла и Шилегов во висина од над 12 милиони денари или над 200.000 евра.

Сопственик на фирмата која го доби тендерот е Александар Пиперевалиев, инаку бизнис партнер со Горан Крстев, кој пак е еден од најблиските бизнис партнери на семејството Заеви, и човек кој со Зоран Заев беше аболиран за „Глобал“.

— реклама —

Но, дали е точно дека зад овој скандал има и роднинска спрега, односно дали е точно дека Пиперевалиев освен тоа што е близок пријател е и роднински поврзан со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски? И, дали е точно дека директорот на ЈП Дрисла, Коста Начевски, е прв братучед на сопругата на генералниот секретар Драги Рашковски?

Сега веќе јавноста може сама да процени како се добиваат тендерите од ЈП Дрисла.

— реклама —

Еве Драги Рашковски јавно нека каже која е поврзаноста помеѓу него и Пиперевалиев?

Дали ова значи дека градежните машини кои ги изнајмил братучедот на сопругата на Рашковски преку ЈП Дрисла се на блискиот пријател и роднински поврзан со Рашковски, Александар Пиперевалиев?

Јавно прашуваме дали овој тендер е доделен со амин на Рашковски и Шилегов и дали лично Драги Рашковски има влијаено за доделување на овој тендер?

— реклама —

Дали заради ова беше борбата на тендерашот Шилегов за Дрисла? Како од сите фирми во Македонија баш се погоди таа што е блиска до Заеви да ја изведува работата?

Јавно повикуваме случајот да го испита и антикорупциската комисија, имајќи предвид дека истата оваа фирма која го добила тендерот нема искуство со други тендери, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

 

фото: ВМРО ДПМНЕ

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања