Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Јанушев: Деца се родиле, завршиле средно, факултет, а Заев и Шеќеринска уште водат политика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Janusev-PRESS-1309-2

„Оваа криминално-рекетарска банда на власт е најлошото нешто што и се случило на Македонија.

Но, ако се погледне добро двоецот кој управува со власта, тандемот Заев-Шеќеринска, не може да биде поинаку затоа што тие се дел од сите неуспеси на Македонија изминативе над дваесет години, современици на најцрните времиња во оваа држава.

Шеќеринска е во политика уште од времето на ТАТ, пропаста на Славија, Центро, Железара … од времето на приватизацијата.

А, Заев уште од времето на “бонбона бизнисот” на Шеќеринска, бркањето од работа на луѓето во ЕСМ, на територијалната поделба.

Значи деца се родиле, завршиле средно, факултет, а Заев и Шеќеринска уште водат политика.

— реклама —

Ова се луѓе кои се прегазени од времето.

Не може 28 години надеж да се оние кои никогаш не направиле чекор напред.

— реклама —

Тие се сидрото кои не влече надоле.

Тие се симболот на се што е лошо во политиката.

Мегданот на кој треба да се расчисти со овие мешатари и печалбари од туѓата несреќа се предвремените избори, а колку се сеќавам Заев никогаш, дури и кога беше опозиција не бараше предвремени избори, бегаше, се спасуваше, смислуваше Пржински договори … правеше се, само за да го одбегне народот.

— реклама —

Но, овој пат нема да биде така.

Овој пат народот доаѓа по своето и ќе ги испрати во пензија овие луѓе прегазени од времет“, напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања