Јанушев: Денес поднесовме во Управниот суд тужби во однос на начинот на кој што се изврши верификација на мандатите на дополнителните осум пратеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
janusev

Само што ги поднесовме тужбите во Управниот суд во однос на начинот на кој што се изврши изборот односно верификација на мандатите на останатите односно на дополнителните осум пратеници во Собранието на Република Македонија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Имено, знаете дека и покрај нашите реакции како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија каде што укажавме дека е тотално погрешен, нелигитимен и пред се нелегален начинот на тоа на кој што владејачкото мнозинство го направи. Преку предлог на Комисијата за верификациони работи која што впрочем е создадена, е формирана и функционира само за првата конститутивна седница. Иако во Деловникот за работа на Собранието по членот 17 јасно и прецизно, недвосмислено е пропишано дека единствено може по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да се одвива начинот на кој што се избираат односно се верификуваат дополнително оние луѓе кои што станале пратеници.

Сепак владејачкото мнозинство како и многупати во минатото со една дивоградба впрочем и она што го направија во првите денови по формирањето на Владата е еден типичен пример за ова владејачко мнозинство и оваа Влада.

— реклама —

Значи буквално она што ќе се почне со дивоградба понатаму продолжува да функционира на еден ист и таков начин. Што впрочем и на почетокот на седницата за избор на Влада го укажавме дека тие осум луѓе не се верификувани и не станале пратеници на начинот на кој што е пропишано со Деловникот. И впрочем дава еден огромен нелигитимитет и нелегалност на изборот на целата Влада.

Очекувам од Управниот суд што е можно побрзо да ги разгледа тужбите кои што денеска ги доставивме и да одлучи врз основа на словото на Законот, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања