Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Јанушев: Доколку договорот е толку добар со „Сархемс“, зошто власта го крие?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Janusev-PRESS-1111-2

Поминаа точно 12 дена откако владата донесе одлука, бизнисот тежок 72 милиони евра да го додели на фирма формирана 24 дена пред да биде распишан тендерот. Остануваат уште 18 дена од рокот од еден месец за склучување на договорот, а владата се уште крие што планира да потпише.

— реклама —

Не се работи за приватни пари ниту на Зоран, ниту на Вице Заев. Не се работи ни за приватни пари на Рашковски. Фирмата ќе наплаќа 72 милиони евра од патарини, авионски карти или зелени картони. Пари кои наместо во буџетот на државата ќе се слеат на сметка на „Сархемс“, единствената фирма која доставила понуда на огласот, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Доколку договорот е толку добар, зошто власта го крие?

— реклама —

Зошто не се објават деталите?

— реклама —

Зошто не знаеме што плаќаме, колку ќе плаќаме и како ќе плаќаме?

Дали власта има согласност да наметнува дополнителни давачки по патник? Како тоа ќе влијае на цените на аеродромските услуги?

Дали и во која мера ќе биде оштетен Фондот за здравство, бидејќи не сите граѓани имаат приватно осигурување и како тоа ќе влијае на здравствениот систем?

Власта мора да одговори на овие прашања. Граѓаните се тие кои ќе платат 72 милиони евра и мора да знаат како и на кој начин се трошат нивните пари.

Никој не верува во приказните на Драги Рашковски дека приватна фирма би работела без профит. Тогаш зошто би почнувала бизнис или зошто би го почнувал бизнисот како јавно приватно партнерство доколку нема никаква корист од државата?

Граѓаните мора да знаат кај ќе заврши секој цент од овие 72 милиони евра.

СДСМ не смее да заборави дека иако се во заминување мора да работат согласно закон. Секоја недоследност и криминал во работењето ќе биде санкционирана. Нема да дозволиме злоупотреба на народни пари за лично богатење на поединци, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања